Mutlu Demirtaştan
29 Декември 2016•Ажурирај: 30 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Аргентинскиот фудбалер Карлос Тевез (32), кој играше за аргентискиот тим Бока Јуниорс, премина во редовите на кинескиот фудбалски клуб Шангај Шенхуа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Шангај Шенхуа се вели дека е постигнат договор со клубот Бока Јуниорс за премин на Тевез во кинескиот клуб.
Аргентинските медиуми наведуваат дека за трансферот на Тевез, на ФК Бока Јуниорс му е платен надоместок од 10 милиони долари. Исто така, во него се вели дека Аргентинецот во кинескиот клуб за една година ќе заработи 42 милиони долари. Со ова, тој ќе стане најплатениот фудбалер во светот.
Освен за Бока Јуниорс, Карлос Тевез настапуваше и за клубовите Коринтијанс, Вест Хем Јунајтед, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус. За репрезентацијата на Аргентина одигра 76 натпревари и постигна 13 гола.