Tuba Onğun, Medina Choreska
23 Ноември 2026•Ажурирано: 23 Ноември 2026
Во октомври, Турција пречека 5,4 милиони странски туристи, покажуваат официјалните податоци објавени денес, јавува Анадолу.
Оваа бројка претставува пад од 5,2 % во споредба со истиот период претходната година.
Според податоците на Министерството за култура и туризам, медитеранскиот туристички центар Анталија се најде на врвот на листата на турски области, со 1,9 милиони странски посетители во текот на месецот.
Истанбул, најголемиот град во Турција, е на второто место со 1,8 милиони посетители, по што следуваат Мугла на Егејското Море со 367.122 и северозападната област Едрене со 353.954 посетители.
Гледано според националноста, Германците го сочинуваа најголемиот дел од посетителите во октомври – 17,3 % (933.165 посетители), по што следуваат Русите со 14,8 % (797.971) и Британците со 8,3 % (444.108).
Во периодот од јануари до октомври, Турција пречека 46,3 милиони странски туристи, што е пад од речиси 2 % во споредба со претходната година.