Şenhan Bolelli
22 Јануари 2021•Ажурирај: 26 Јануари 2021
МАДРИД (АА) - Тренерот на шпанскиот фудбалски клуб, Зинедин Зидан, е позитивен на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди клубот Реал Мадрид.
Во соопштението се вели дека Зидан е дијагностициран позитивен на овој вирус.
Меѓу другото, шпанските медиуми нагласија дека наместо Зидан, утрешниот меч против Алавес ќе го предводи вториот тренер Давид Бетони.
Според протоколите, откако ќе бидат извршени други тестови, ќе се открие колку дена Зидан ќе остане во карантин.