Erkan Tiryaki
30 Јули 2021•Ажурирај: 02 Август 2021
ТОКИО (АА) - Турската боксерка Бусеназ Сурменели денеска ја победи својата противничка и се пласира во полуфиналето на Олимписките игри во Токио 2020, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дваесет и тригодишната Сурменели се натпреваруваше против украинската боксерка Ана Лисенко во четвртфиналето во женска категорија до 69 килограми во Кокугикан Арената.
Сурменели исто така влезе во историјата станувајќи првата турска атлетичарка на која ѝ е загарантиран олимписки медал во женски бокс.
Нејзиниот полуфинален натпревар ќе се одигра на 4 август.
Претходно оваа година, Сурменели за Агенција Анадолија рече дека сонува да освои медал на Олимпијада уште од своето детство.
Иако може да се пофали со бројни импресивни награди, таа призна дека носењето медал од Токио дома ќе пополни важна празнина.
„Олимпијадата е мој сон од детството. Сѐ уште живеам со тој сон", рече таа тогаш.
Олимписките игри, кои првично требаше да се одржат во 2020 година, беа одложени, како и мноштвото други светски спортски настани, поради пандемијата на коронавирусот.
Игрите во Токио 2020 започнаа на 23 јули и ќе траат до 8 август, но без публика од странство поради коронавирусот.