Yunus Kaymaz
22 Септември 2016•Ажурирај: 23 Септември 2016
ЛОНДОН (АА) - Европската фудбалска унија (УЕФА) го претстави во средата логото за Евро 2020 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Новиот претседател на УЕФА, Александар Чеферин, вчера во Лондон го претстави логото на Европското првенство за 2020 година.
Организаторите од Велика Британија го дизајнираа логото со симболи на британската престолнина.
Да потсетиме, следното 16. Европско првенство во фудбал ќе се одржи во 13 градови, меѓу кои се Лондон, Минхен, Рим, Баку, Санкт Петерсбург, Букурешт, Амстердам, Даблин, Билбао, Будимпешта, Брисел, Глазгов и Копенхаген.
Еуро 2020 година ќе ја означи 60-годишнината од европските првенства, а логото на секој град домаќин ќе има свој мост.