Can Erözden
22 Јули 2020•Ажурирај: 23 Јули 2020
НИОН (АА) - Европската фудбалска федерација (УЕФА) денес го казни турскиот клуб Фенербахче со ускратување на два милиони евра приходи од европските натпреварувања поради кршење на Финансискиот фер-плеј (ФФП), пренесува Агенција Анадолија (AA).
УЕФА во соопштението наведува дека на Фенербахче ќе му одземе два милиони евра приходи од натпреварите на УЕФА во наредните две сезони (2020/21 и 2021/22).
Контролното тело за финансии на клубовите (CFCB) го санкционираше Фенербахче затоа што истанбулскиот клуб не ги исполнил условите наметнати на 19 јули 2019 година, истакнаа од УЕФА.
УЕФА не ја намали казната на еден милион евра бидејќи Фенербахче не успеал да го реструктуиа својот долг до 15 октомври 2019 година.
УЕФА финансиски ги следи клубовите за да се осигура дека не трошат повеќе пари отколку што заработуваат. ФФП е воспоставен за да им помогне на клубовите долгорочно да ги избегнуваат финансиските проблеми.