Yunus Kaymaz
21 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ
Во европското најпрестижно клупско фудбалско натпреварувење, УЕФА Лигата на шампиони, синоќа се одиграа осум натпревари во групите Е, Ф, Г и Х од сезоната 2020/2021, известува Агенција Анадолија (АА).
Во групата Х, актуелниот вицешампион, екипата на Париз Сен Жермен, на домашен терен загуби од Манчестер Јунајтед со 1:2.
Во истата група Лајпциг на домашен терен го пречека Медипол Башакшехир. Домаќините извојуваа победа од 2:0.
Во групата Г, Ференцварош ѝ гостуваше на Барселона. Домаќините постигнаа висока победа од 5:1.
Лионел Меси, ѕвездата на Барселона, со погодокот што го постигна на овој натпревар стана првиот фудбалер кој во 16 последователни првенства постигнал гол, изедначувајќи се со Рајан Гикс, кој успеал да постигне погодок во 16 различни првенства.
Резултати од натпреварите одиграни вчера во првото коло на УЕФА Лигата на шампиони:
Група Е
Рен - Краснодар 1:1
Челси - Севиља 0:0
Група Ф
Зенит - Клуб Бриж 1:2
Лацио - Борусија Дортмунд 3:1
Група Г
Динамо Киев - Јувентус 0:2
Барселона - Ференцварош 5:1
Група Х
Париз Сен Жермен - Манчестер Јунајтед 1:2
Лајпциг - Медипол Башакшехир 2:0