Mutlu Demirtaştan
10 Октомври 2016•Ажурирај: 11 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Европските квалификации за Светскиот куп на ФИФА во 2018 завршуваат утре, со натпреварите што ќе се одиграат во три групи, јавува Anadolu Agency (АА).
Утре ќе се одиграат 9 натпревари во Ц, E и во Ф-групата, по што ќе се дознае кои репрезентации ќе учествуваат на Светскиот куп во 2018, којшто ќе се одржи во Русија.
Еден од значајните натпревари ќе се одигра меѓу светскиот шампион на ФИФА од 2014, Германија и Северна Ирска, во кој Германија е домаќин. Германија досега освои 6 поени во Ц групата, додека пак Северна Ирска 4. Мечот ќе се одигра на стадионот „Хановер арена“.
Англија, која е лидер во групата Ф, без загубен натпревар, ќе ѝ биде гостин на Словенија, која со своите 4 поени е на третото место во групата. Мечот ќе се одигра на стадионот„ Стожице“.
Програмата за утрешните натпревари, според групи, е следната:
Ц-група:
20:45 Германија – Северна Ирска
20:45 Чешка – Азербејџан
20:45 Норвешка – Сан Марино
Е-група:
18:00 Казахстан – Романија
20:45 Данска – Црна Гора
20:45 Полска – Ерменија
Ф-група
20:45 Словачка – Шкотска
20:45 Словенија – Англија
20:45 Литванија – Малта