Yunus Kaymaz
07 Декември 2015•Ажурирај: 09 Декември 2015
ЛОНДОН (АА) - Претседателот во заминување на Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) Јозеф Сеп Блатер, е под истрага на државно биро (ФБИ), под сомнение дека е вмешан во корупциски скандал во вредност од 100 милиони долари, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што соопштува британскиот Би-Би-Си, Блатер наводно го прикрил случајот во кој компанијата за спортски маркетинг ISL исплатила 100 милиони на поранешниот челници на ФИФА, меѓу кои се и Жоао Хавланж и Рикардо Тешеира а за возврат обезбедиле маркетинг и телевизиски права на натпреварите во '90-те години.
Блатер ги отфрли обвинувањата дека знаел нешто во врска со овие трансакции и дека тој бил вмешан во нив. Би-Би-исто така пишува дека новинарот на емисијата Панорама го видел писмото на Хавеланж со што се остава впечаток дека Блатер знаеле за плаќање на ISL.
Блатер, заедно со првиот човек на европските фудбалски асоцијации (УЕФА), Мишел Платини, е под суспензија од ФИФА 90 дена, поради сомнителни исплати на два милиони швајцарски франци. Тој и Платини може доживотно да бидат исклучени од фудбалот по барање на Комисијата за етика на ФИФА.
Препорачаните санкции за Блатер и Платини се поврзани со случајот за спорната исплата од два милиони швајцарски франци направен во 2011 година. Извршената уплата на сметката на Платини ја одобри Блатер за неговата работа во периодот од 1999 до 2002 година, а и двајцата се бранат со тезата дека се работи за усмен договор. Новиот избор на претседател на ФИФА, ќе се одржи на 26 февруари во Цирих.