Doğa Kırmızıoğlu
10 Октомври 2021•Ажурирај: 11 Октомври 2021
ЛАС ВЕГАС
Британскиот боксерски ас Тајсон Фјури го победи американскиот ривал Деонтај Вајлдер во синоќешниот спектакуларен меч во Лас Вегас, известува Агенција Анадолија (АА).
Фјури во првата и третата рунда го урна на подот Вајлдер, а Вајлдер возврати во четвртата рунда, но и двајцата успеаја да го продолжат мечот. Решавачката серија удари Фјури ги зададе во 11. рунда, по што Вајлдер не можеше да ја продолжи борбата.
Британскиот боксер на тој начин ја одбрани титулата шампион во ВБЦ-дивизијата.
Тоа беше трет дуел меѓу Фјури и Вајлдер. За првпат на дуел во рингот се сретнаа во 2018 година, а мечот заврши без победник. Фјури во вториот дуел што се одржа во февруари извојува победа, а синоќа ја потврди својата доминација.
Фјури и понатаму е непобеден и во серијата од 32 дуели има 31 победа и еден нерешен со Вајлдер. Вајлдер во својата кариера во рингот излезе на 45 дуели, во кои беше победник 43 пати, а единствените два порази му ги нанесе Фјури.