Yunus Kaymaz
24 Април 2022•Ажурирај: 25 Април 2022
ЛОНДОН (АА) - Британскиот боксер Тајсон Фјури (33) ја одбрани титулата светски првак во тешка категорија на Светскиот боксерски совет (WBC), нокаутирајќи го својот сонародник Дилијан Вајт, известува Агенција Анадолија (АА).
Фјури синоќа на лондонскиот стадион „Вембли“ пред 100.000 гледачи го победи Вајт со нокаут во 6-тата рунда од борбата.
Во текот на целата борба имаше многу малку удари, но во средината на шестата рунда Фјури зададе аперкат и Вајт се сруши во рингот, без можност да го продолжи дуелот.
За 33-годишниот Фјури ова беше 32. победа во кариерата, со еден нерешен меч, додека 34-годишниот Вајт, во својот 31. настап го претрпе третиот пораз.