Yunus Kaymaz
23 Март 2019•Ажурирај: 24 Март 2019
СКОПЈЕ
Ол-стар ѕвездата Џејмс Харден, кој го носи дресот на тимот на Хјустон Рокетс, постигна 61 поен на средбата од американската национална кошаркарска лига НБА против Сан Антонио Спарс и даде голем придонес за победата од 111:105, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 7 натпревари во НБА. Хјустон Рокетс, кој се бори за врвот во Западната конференција, на домашен терен го совлада Сан Антонио Спарс со 111:105 и ја извојува својата 46. победа сезонава.
Извонредна игра против Спарс прикажа Харден (29), постигнувајќи 61 поен, 7 скока и 1 асистенција, изедначувајќи го сопствениот рекорд на најголем број поени постигнати на еден натпревар што го постави во јануари против Њујорк Никс.
Освен тоа, Харден стана четвртиот играч по Вилд Чембрлен, Мајкл Џордан и Коби Брајант кои во една сезона постигнале 60 и повеќе поени на повеќе од еден натпревар.
Свој придонес во победата на Хјустон дадоа Крис Пол со постигнати 18 поени и Клинт Капела со 16 скока.
Во гостинската екипа, Дерик Вајт постина 18, Демар Дерозан 16 и Брин Форбс, 10 поени.
- Нов пораз на Лос Анџелес Лејкерс и Кливленд Кавалирс
Уште еден пораз на тимот на Лос Анџелес Лејкерс. На домашен терен Лејкерси загубија од Бруклин Нетс со 106:111.
Победата на Нетси ѝ ја донесоа Џо Харис со 26 поени, 3 скока, 2 асистенции, Д’Анџело Расел со дабл-дабл од 21 поен, 13 асистенции, 3 скока и Спенсер Динвиди со 19 поени и 3 скока.
Во редовите на Лејкерс дабл-дабл постигнаа Џавејл Мекги од 33 поени, 20 скока и Леброн Џејмс од 25 поени, 14 асистенции и 9 скока, но тоа не беше доволно да се избегне поразот.
Кливленд Кавалирс на домашен терен загуби од тимот на Лос Анџелес Клиперс, со резултат 108:110.
Клиперси ја извојуваа својата 4. победа едноподруго, а најпрецизен во нивните редови беше Данило Галинари со 27 поени.
Охриѓанецот Џеди Осман на теренот помина 34 минути и за Кавалирс постигна 11 поени, 3 асистенции и 2 скока. Најпрецизни во редовите на Кавалирс беа Кевин Лав со 22, Колин Секстон и Џордан Кларксон со по 20 поени.
- Резултати
Хјустон Рокетс - Сан Антонио Спарс 111:105
Лос Анџелес Лејкерс - Бруклин Нетс 106:111
Кливленд Кавалирс - Лос Анџелес Клиперс 108:110
Милвоки Бакс - Мајами Хит 116:87
Орландо Меџик - Мемфис Гризлис 123:119
Њујорк Никс - Денвер Нагетс 93:111
Торонто Репторс - Оклахома Сити Тандер 109:116