Stipe Majic
05 Јануари 2023•Ажурирај: 06 Јануари 2023
ЗАГРЕБ (АА) - Втората слаломска трка за жени во Сљеме, Трофејот „Снежна кралица“, е откажана поради лошите услови на патеката, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Поради високите температури и ветрот, денешната трка е откажана“, гласи краткото соопштение на организаторите.
Вчера се одржаа две слаломски трки во женска конкуренција, кои и покрај потешкотиите на патеката, беа успешно завршени на вештачкиот снег. По втората трка, на Сљеме по петти пат титулата „Снежна кралица“ ја однесе Американката Микаела Шифрин.
Температурите во Загреб и на Сљеме во последните недели се невообичаено високи за овој период од годината, а изостанаа и врнежите од снег.