Author Dejan Maksimoviç
09 Јануари 2016•Ажурирај: 10 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - Јаја Турe, играчот од средниот ред на Манчестер Сити и капитенот на на репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска луто реагираше затоа што не го доби признанието за најдобар играч во Африка во 2015 година, во организација на Афричката фудбалска конфедерација, јавува Anadolu Agency (AA).
Турe во 2015 година го предводеше својот национален тим за шампионската титула на Африка но го освои второто место во изборот за "Gabonca Pierrea-Emericka Aubameyanga".
"Мислам дека ова што е направено е срам за Африка.Вакво однесување е срамно но што може да се направи. По се изгледа дека ние африканците не покажуваме дека Африка ни е важна. Ние му даваме приоритет на тоа што се случува на друго место, а не на нашиот континет. Тоа е страшно", изјави Турe.
Претходните четири години Турe беше прогласен за најдобар играч на Африка, но овој пат признанието отиде во рацете на Аубамејанг. Единствена утеха за играчот на Манчестер Сити е дека британската BBC го избра за најдобар играч на Црниот Континент во 2015 година.
Аубамејанг оваа сезона беше одличен во дресот на Борусија Дортмунд за кој постигна 18 голови во 17 натпревари. Но со Габон беше исфрлен во групната фаза на Афричкиот куп на нации.