Satuk Buğra Kutlugün
08 Март 2018•Ажурирај: 09 Март 2018
АНКАРА (АА) - Јувентус и Манчестер Сити се изборија за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тотенхем Хотспар во рамките на осминафиналето, по изедначениот резултат од 2:2, во реваншот на Вембли во Лондон беше поразен од Јувентус со резултат 1:2.
Домаќините поминаа во водство во 39. минута со голот на Хеунг Мин Сон, што беше и резултатот на првото полувреме.
Сепак, Јувентус во 64. минута изедначи со голот на Гонзал Игуаин.
Само три минути подоцна, гостите стапија во водство со 2:1, со голот на Пауло Дибала, кој го постигна голот со асистенција на Игуаин.
До крајот на натпреварот имаше уште неколку шанси на двете страни, но резултатот не се промени, па Јувентус заслужено го освои пласманот меѓу најдобрите осум во Европа.
Манчестер Сити, кој во првиот натпревар во Швајцарија го совлада Базел со резултат од 4:0, во реваншот е поразен со 1:2, но и покрај тоа се избори за пласман за понатаму.
Домаќинот дојде во водство уште во 8. минута со голот на Габриел Хесус.
Базел, сепак, успеа да изедначи на 1:1 со голот на Мухамед Елнени во 17. минута, што беше и резултатот во првиот дел од играта.
Гостите во 71. минута преминаа во водство со 2:1 со голот на Михаел Ланг, но Сити до крајот на натпреварот успеа да ја сочува високата предност од првата средба и така се пласираше во четвртфиналето.
Да потсетиме, во вторникот меѓу осумте најдобри пласман обезбедија и Реал Мадрид и Ливерпул.