Fatih Erel
05 Мај 2019•Ажурирај: 07 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Еден од најдобрите европски фудбалски судии, Џунејт Чакир, ќе ја дели правдата на реваншниот полуфинален меч меѓу Ливерпул и Барселона, пренесува Anadolu Agency (AA).
Европската куќа на фудбалот УЕФА, денеска соопшти дека турскиот арбитер Чакир ќе го суди мечот кој ќе го играат Ливерпул и Барселона на стадионот „Енфилд роуд“ во вторник.
Чакир во изминатите девет сезони од Лигата на шампиони судеше во вкупно 44 натпревари, вклучувајќи и еден финален и шест полуфинални.
Помошници на Чакир ќе бидат Бахатин Дуран и Тарик Онгун, а Португалецот Артур Соарес Диас ќе биде четвртиот судија.
Во ВАР-собата како видеоасистенти ќе бидат германските судии Феликс Звајер и Саша Стегеман.
Дуелот помеѓу Барселона и Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампиони важи за финале пред финалето, а каталонскиот тим во првиот меч во средата на „Камп ноу“ победи со 3:0.
Ливерпул има многу тешка задача да го стигне заостанувањето во резултатот од првиот меч, а публиката очекува возбудлив меч на „Енфилд“.