Kenan Irtak
23 Октомври 2017•Ажурирај: 24 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - „Turkish Cargo“ е прогласена за карго авиокомпанија на годината, за подрачјето на Азија и Блискиот Исток, јавува Anadolu Agency (AA).
Од авиокомпанијата „Turkish Airlines” е соопштено дека со зголемувањето на превозот на товар во септември, од јануари до септември се пренесени 810.000 тони, што е за 27 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година.
„Turkish Cargo“ веќе 33 години ги нуди своите услуги на подрачјето на Азија-Пацификот и на Блискиот Исток, а оваа година е прогласен за карго авиокомпанија на годината, најпрестижната награда што секоја година ја доделува медиумската куќа „Payload Asia“.
„Payload Asia“ е официјален орган на Федерацијата на азиско-пацифичките авиотоварни здруженија (FAPAA), а овогодишните добитници ги прогласи на церемонија на којашто присуствуваа уважени гости од сите делови на светот. Победниците беа избрани од страна на корисниците на услугите и од деловните партнери.
„Turkish Cargo“ ги нуди своите услуги во превозот на товар, на 72 дестинации во 60 земји, и поседува 16 карго авиони.