Musa Alcan
25 Септември 2019•Ажурирај: 26 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Проф. д-р Рефик Туран, претседател на турскиот Историски институт, истакна дека Аја Софија претходно била сметана за нулти меридијан, и изрази надеж дека и во иднина ќе ѝ се врати тоа право за почетна точка на сметање на времето, пишува Anadolu Agency (AA).
Во рамки на сеќавање на Аја Софија, ќе се организираат активности од страна на Историски институт кој работи во рамките на Високиот институт за култура, јазик и историја „Ататурк“.
Туран на прес-конференција нагласи дека со овие активности имаат за цел да ја промовираат Аја Софија.
Тој нагласи дека постојат некои историски вредности што Истанбул го прават Истанбул.
„Една од нив е Аја Софија. Бидејќи доколку ги истражувате историските и културните дела низ светот, можеме да кажеме дека нема некое историско дело кое има таква историска длабочина, и сè уште е отворено за користење за луѓето“, рече тој.
- „Аја Софија е фокусна точка која го определува натпреварот меѓу цивилизациите“ -
Туран истакна дека Аја Софија во период од 532-537 година, кога била изградена, била фокусна точка која го определува натпреварот меѓу цивилизациите, и дека постојат историски наоди дека на местото каде што се наоѓа Аја Софија исто и пред христијанството постоело светилиште.
Тој нагласи дека Четвртата крстоносна војна за Византија била претворена во потполна катастрофа. „Од тоа луѓето претрпеа големи штети, едно од оштетените места беше и Аја Софија“, додаде тој.
Туран се потсети и на султанот Мехмет II, кого го опиша како идеалист, и истакна дека тој е меѓу главните личности што ја смениле светската историја.
- „Веруваме дека Аја Софија повторно ќе биде почетната точка на сметање на времето“ -
„Аја Софија има еден друг важен дел, кој се нарекува „muvvakithane“ (место за астрономски набљудувања, каде што претходно било определено времето за намаз - молитва). Аја Софија е почетна точка на сметање на времето. Нулти меридијан... Тогашната Османлиска Држава вели: „Јас сум првата политичка моќ во светот.“ Почетната точка на времето, определувањето на едно место како нулти меридијан не е само научно прашање, туку ја покажува и политичката волја врз светот. Англичаните во 1884 година го преместија во Гринич, и рекоа: „Тука е почетната точка на сметање на времето.“ Веруваме дека еден ден ова право ќе ѝ се врати на Аја Софија“, нагласи Туран.
Од друга страна, потпретседателот на турскиот Историски институт, проф. д-р Ѓурај Кирпик, истакна дека дел од активностите е отворањето изложби, прикажажување на краткометражни филмови, дебати и промотивни видеоснимки.
„Ова се документи кои го откриваат историскиот идентитет на Аја Софија, и кои ја покажуваат припадноста на нашата цивилизација“, рече Кирпик во врска со документите изложени на изложбата, додавајќи дека не може да се замисли Истанбул без Аја Софија.