Erdinç Aksoy
25 Септември 2019•Ажурирај: 25 Септември 2019
АДАНА (АА) - Најмалку пет лица се ранети во бомбашкиот напад што е извршен врз полициско возило во јужниот дел на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на турската област Адана, Махмут Демирташ, изјави дека нападот се случил во центарот на подрачјето Јурегир, а дека цел на нападот бил автобус кој превезувал полицајци.
Тој изјави дека во силната експлозија се повредени пет лица, вклучувајќи и еден полицаец.
Истиот извор јавува дека меѓу ранетите нема животно загрозени, и дека е во тек истрагата за случајот.