Uğur Aslanhan
07 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Социологот и историчар Исмаил Оз изјави дека во светската историја, како прв обид за државен удар е обидот на кралот Саргон во Акад во 2350 година п.н.е. Тој истакна дека од тој датум досега, постојано имало обиди за државен удар, додавајќи дека обидите биле особено успешни во кризните времиња, пишува Anadolu Agency (AA).
Оз истакна дека пучевите во Турција се појавуваат по 1950 година, додавајќи дека и во османлискиот период 12 султани биле симнати од власт. Оз вели дека пучевите во Турција воглавно се дело на воените крила. Тој наведува дека слична била ситуацијата и во османлскиот период, додавајќи дека сето тоа влече корени од прозападното вијание кое се јавува во војската за време на султанот Селим III.

Оз наведува дека по тој период, војската себеси се смета за главен архитект и заштитник на сите трансформации, додавајќи дека основата на сета таа логика потекнува од воената идеологија 'Доколку во оваа земја дојде до некакви измени, тие можат да дојдат само од страна на војската', која во Турција започнува во времето на султан Селим III.
- „Турција се наоѓа во подрачје на пучеви” -
Исмаил Оз, тврдејќи дека Турција се наоѓа врз едeн голем земјотресен појас, го истакна следното:
„Во таа смисла, Турција не се наоѓа само врз земјотресен појас, туку во истовреме се наоѓа и во појас на пучеви. Кога ќе погледнеме на овој појас на пучеви (во светски рамки), од 1950 година досега изведени се точно 475 обиди за пуч, од кои 236 биле успешни, додека 239 се неуспешни. Освен тоа, ние не велиме 'да се случат', но во последните 50 години во Европа се нема случено ниту еден пуч. Обидите за пуч најмногу се случиле во Африка, Јужна Америка и Средна Азија”.

- „Турција стана надеж, велејќи му 'стоп' на пучот” -
Исмаил Оз истакна дека од 1950 година досега во Турција се случиле шест обиди за пуч, потсетувајќи дека три од нив биле успешни. Тој истакна дека Турција сериозно им се спротивставувала на воените удари и дошла до она што е денеска, плаќајќи притоа висока цена. Оз додаде дека народот го искажа своето 'НЕ' при последниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година.
Оз нагласи дека Турција вложува големи напори за да нема повеќе воени удари и да се пасивизира светската линија на пучеви која сѐ уште е активна и која ја опфаќа и Турција, додавајќи дека западните земји започнале да го губат своето влијание врз пучистите.
„Турција, благодарение на моќното раководство и народот кој ја сака сопствената држава стана надеж за земјите во кои се случуваат пучеви и неуспешниот обид за пуч стана многу важен пример кој ќе ја промени судбината на угнетуваните народи. Турција на 15 јули велејќи им 'Не' на пучистите, стана надеж за народите во земјите во кои се доживеани пучеви или постои можност за такво нешто”, рече Оз.
Истакнувајќи дека Турција е најголем кандидат кој може да ја пасивизира активната линија на државни удари, Оз рече дека голем број земји од светот по настаните во Турција увиделе дека пучевите не се судбина.