Hatice Şenses Kurukız
04 Јули 2016•Ажурирај: 04 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека терористичката организација ДАЕШ е најголемото зло на денешницата, која за цел има исклучиво да нанесува штета на исламот и муслиманите, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган синоќа во Истанбул истакна дека вреди да се спомене фактот дека Турција е цел на сите најкрволочни терористички организации, додавајќи дека Турција добро ги разбира пораките и намерите на она што преку терористите и тероризмот сака да се постигне, но и со своите одговори става до знаење дека се лажат сите оние кои мислат дека оваа земја, како во минатото, може и сега да се исфрли од колосек.
Ердоган најостро го осуди и терористичкиот напад којшто го изведе ДАЕШ во главниот град на Ирак, Багдад, и порача дека Турција и нејзиниот народ добро го разбираат братскиот народ на Ирак бидејќи и самите беа жртви на терористички напади.
„ДАЕШ е организација која нема никаква врска со исламот, ниту со муслиманите. Напротив, исламот и муслиманите се главна цел на ДАЕШ”, рече Ердоган.
Осврнувајќи се и на хуманитарната помош која Турција ја испрати во Газа, Ердоган рече дека Палестинците во тој регион знаат најдобро што и колку Турција прави за нив и дека Турција ќе продолжи да помага под мотото на народната поговорка „фрли во морето, па ако рибата не знае дека сте фрлиле, тоа го знае нејзиниот Творец”.
Ердоган, исто така, рече дека Турција не е земја на само 79 милиони нејзини граѓани, туку и земја во која гледаат стотици милиони загрозени и обесправени во светот.
Осврнувајќи се и на започнатите процеси на нормализација на односите на Турција со Русија и Израел, Ердоган изјави дека не се грижи многу за критиките на опозицијата, која всушност и нема некоја критика, туку само контрира на сè што владејачката турска опција прави.
„Таип Ердоган и денес се однесува исто, мисли, чувствува и се бори исто како што тоа го правеше и пред 40 години. Сите нека го знаат тоа”, порача турскиот претседател.