Fatma Zehra Solmaz
19 Март 2026•Ажурирај: 19 Март 2026
ИСТАНБУЛ (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес повика на итен прекин на тековниот конфликт на Блискиот Исток за време на телефонскиот разговор со индонезискиот колега Прабово Субијанто, јавува Анадолу.
За време на разговорот Ердоган истакна дека „спиралата на насилство, која започна со нападите врз Иран и се прошири во земјите од Заливот, мора веднаш да биде елиминирана“, се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации на Турција.
Турскиот претседател ги оцени како „неприфатливи“ израелските провокации насочени кон џамијата Ал-Акса.
„Важно е муслиманските заедници да не молчат пред постапките на Израел со кои се загрозува иднината на првата кибла на исламот преку попречување на влезот во неа“, нагласи Ердоган во разговорот со Субијанто.
Двајцата претседатели разговараа и за билатералните односи меѓу Турција и Индонезија, како и за регионалните и глобалните прашања.