Ali Ballı
14 Септември 2020•Ажурирај: 16 Септември 2020
МУГЛА (АА) – АЛИ БАЛЛИ –
Популарните туристички одморалишта во Бодрум, како и секоја година, така и оваа, станаа место за сместување на милионските луксузни јахти, пишува Агенција Анадолија (АА).
Многу мега јахти на локални и странски деловни луѓе се сместија во заливите на турски Бодрум.
Луксузните јахти на гостите се закотвени во заливите на Караада, Битез, Торба, Јаликавак и Ѓолтуркбуку. Гостите тука во тивка и мирна атмосфера уживаат во природните убавини.
Од јуни во заливите на Бодрум закотвени се јахтите „Лејди Кристин“ долга 68 метри, на која има и писта за хеликоптер, јахтата „Ароу“ со знаме на Кајманските Острови, долга 75 метри, јахтата „Ал Лусаил“, една од најпознатите јахти во светот, јахтата „Шехерезаде“ со знаме на Кајманските Острови, долга 140 метри, мега јахтата „Клаудбрејк“, која е долга 75 метри и се користи од познатите личности, јахтата „Титан“ на рускиот бизнисмен Александар Григориевич Абрамов, во должина од 80 метри и ширина од 13 метри, чија вредност изнесува 100 милиони долари, и ултра луксузната јахта „Еклипс“ со должина од 164 метри на светски познатиот руски милијардер Роман Абрамович, сопственикот на англискиот фудбалски тим Челси.
Агенција Анадолија (АА) од воздух сними некои од јахтите, кои се издвојуваат со својата големина и естетика.
Орхан Динч, претседателот на Филијалата на Поморската трговска комора (DTO) во Бодрум, во изјавата за АА рече дека поморскиот сектор е изолирана рута за одмор.
Наведувајќи дека Бодрум со природните убавини и гастрономијата е значаен туристички центар, Динч рече: „Луѓето претпочитаат безбедна и мирна околина. Мега јахтите беа многу популарни и во претходните години. Дури и за периодот на епидемијата светски познатите имиња и деловните луѓе се одлучија да летуваат тука. Тоа е многу добро за мојата индустрија.“
- „Ги исполнуваме сите нивни барања“ -
Динч истакна дека мега јахтите даваат значителен економски придонес во регионот каде што се наоѓаат.
Тој, исто така, наведе дека од тоа не добива само поморскиот сектор, туку и многу сродни сектори.
„Иако Бодрум е светски познато место за туризам, мега јахтите ја зголемуваат вредноста на нашиот бренд. Овие јахти се следени и од странските медиуми. Мега јахтите исто така треба да се сметаат како индустрија. Можеме да ги исполниме сите нивни барања од храна до гориво. Градот Бодрум да се гледа од море е различна убавина. Ги покануваме сите мега јахти во светот да дојдат да ги видат уникатните заливи на Бодрум, гастрономијата и нашата историја. Им обезбедуваме мирна и безбедна средина. Можеме да ги исполниме нивните барања. Затоа, нема причина да не доаѓаат.“
Динч, исто така, истакна дека и покрај епидемијата, има зголемување на бројот на мега јахти во споредба со минатата година.