Elvir Hociç
14 Мај 2017•Ажурирај: 15 Мај 2017
БОДРУМ (АА) - Холивудската ѕвезда Никол Кидман го отвори луксузниот хотел од познатиот синџир Парамаунт Хотели во турскиот туристички град Бодрум, на јужниот брег на Егејското Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Во една од најатрактивните дестинации во Турција, Бодрум, синоќа е отворен првиот хотел од синџир хотели Парамаунт, а главната ѕвезда на гала вечерта беше оскаровката Никол Кидман.
Гала отворањето на хотелот во Бодрум беше зачинето со спектакуларен огномет и настапи на многу музички и перформанс групи.