Satuk Buğra Kutlugün
20 Ноември 2017•Ажурирај: 21 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот заменик-премиер, Бекир Боздаг, денес во Анкара изјави дека скандалот за време на воената вежба во Норвешка е еден од најголемите во историјата на НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Боздаг, по седницата на турскиот Совет на министри, изјави дека Турција јасно предупредува дека овој инцидент не треба да се занемари, туку да се истражи и целосно да се расветли неговата позадина.
„Суспензијата на двајца службеници не значи дека овој случај е соодветно истражен“, порача Боздаг.
Во текот на неодамнешната воена вежба на НАТО во Норвешка, постерите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и основачот на модерна Република Турција и нејзиниот прв претседател, Мустафа Кемал Ататурк, беа прикажани како непријатели.
Турција ги повлече своите војници од вежбата, а генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во повеќе наврати ѝ се извини на Турција за инцидентот.
Боздаг исто така го коментираше и апсењето на бизнисменот Риза Сараф во Њујорк и кажа дека станува збор за политички монтиран случај.
„Отворено кажуваме дека тоа е политички процес без правна основа. Тоа е завера против Турција. Тие кои го водат тој случај вршат голем притисок врз осомничените“, рече Боздаг.