Gökhan Ergöçün
22 Мај 2021•Ажурирај: 23 Мај 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Проширувајќи ја својата мрежа на летови, турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ денес соопшти дека од следната недела започнува со летови кон градот Њуарк, во американската сојузна држава Њу Џерси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Авиопревозникот ќе реализира по четири летови неделно - понеделник, среда, петок и недела - до 13 јуни, а потоа ќе реализира дневни летови“, соопштија од авиокомпанијата.
Њуарк, како најголем урбан центар во сојузната држава и еден од најблиските до градот Њујорк, ќе биде 10-та дестинација на „Туркиш ерлајнс“ во САД.
„Повратниот билет Истанбул - Њуарк со „Туркиш ерлајнс“ ќе биде со почетна цена од 655 долари (со вклучени даноци и такси)“, се наведува од авиокомпанијата.
„Туркиш ерлајнс“ моментално лета на 320 дестинации - 270 меѓународни и 50 домашни - во 127 земји, со својата флота составена од 362 авиона.