Kenan Irtak
14 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines - THY) ги запира сите меѓународни летови до 20 мај, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Поради глобалната пандемија на новиот вид коронавирус, сите наши меѓународни летови се запрени до 20 мај, во согласност со одлуките донесени од властите и преземените мерки со цел зачувување на вашето здравје“, соопштено е од „Туркиш ерлајнс“.
Оттаму потсетија дека домашните летови се стопирани до 20 април годинава.