Gözde Bayar
03 Јуни 2019•Ажурирај: 04 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Заменик-министерот за внатрешни работи на Турција, Исмаил Чатакли, изјави дека турските безбедносни сили во текот на изминатиот месец неутрализирале вкупно 141 терорист на ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Чатакли за новинарите соопшти дека во мај биле заробени 3.645 лица поради сомнение за нивна поврзаност со терористички организации.
Осврнувајќи се на операциите за борба против дрога, тој рече дека во текот на истиот месец речиси 15.000 лица биле уапсени и 1.577 задржани во притвор.
Тој, исто така, нагласи дека Министерството започнало правна процедура против 2.295 лица, како дел од борбата против кибернападите.
Нагласувајќи дека во Турција регистрирани 3,6 милиони Сиријци, министерот рече дека речиси 330.000 лица се вратиле во својата татковина.
Исто така, зборувајќи и за илегалните миграции, Чатакли рече дека во мај биле уапсени вкупно 27.536 мигранти и 561 криумчар на луѓе.
Турција е главна рута за илегалните мигранти кои се обидуваат да преминат во Европа, особено од 2011 година, кога започна граѓанската војна во Сирија.