Mustafa Dermencioğlu
30 Јуни 2018•Ажурирај: 02 Јули 2018
ДЕНИЗЛИ (AA) - Мустафа Дегирменџиоглу
Познатото туристичко место Памуккале, кое се наоѓа во југозападниот дел на Турција, во близина на градот Денизли, минатата година го посетиле повеќе од 1,5 милиони туристи од целиот свет, а целта е оваа бројка да биде поголема во оваа година, пишува Anadolu Agency (AA).
Памуккале, кое се наоѓа на листата на светското наследство на УНЕСКО, само во првите 5 месеци оваа година, го посетиле повеќе од 1/2 милион туристи. Се очекува дека оваа година ќе биде забележана рекордна бројка туристи.
Памуккале има 17 извори од кои извира вода со температура од 35 до 100 Целзиусови степени. Памуккале, буквално значи „дворец на памук“, и е едно од најимпресивните чуда на Турција. Тврдите, бели депозити, од далечина потсетуваат на снег.
Веќе 2.500 години, благодарејќи на термалните води, ова турско туристичко место е лек за многумина кои доаѓаат на ова подрачје.
Покрај домашните туристи, во Памуккале можат да се најдат и туристи од сите европски земји, но и од Кина, Јапонија, Јужна Кореја и од други земји од Далечниот Исток.
Директорот на Здружението на хотелиери и туристички работници, Гази Мурат Сен, изјави дека ова подрачје во текот на целата година привлекува внимание на голем број туристи кои уживаат во неговите убавини.
„Очекуваме дека оваа година ќе постигнеме рекорд. Имавме зголемување од 43 отсто само во првите 5 месеци оваа година. До крајот на годината, во Памуккале ќе угостиме околу 2,5 милиони домашни и странски туристи. Ова, секако не е доволна цифра за нас. Целта е пред 2020 година, бројката на туристи да изнесува 3 милиони, а до 2023 година, 5 милиони“, појасни Сен.
Според неговите зборови, најбројни туристи се оние од Блискиот Исток, потоа Русите, Европејците и Јужноамериканците.
Сен додаде и дека е забележано големо зголемување на туристи од Кина.