Yusuf Soykan Bal
29 Јануари 2026•Ажурирај: 30 Јануари 2026
АНКАРА / ИСТАНБУЛ (АА) - Министерството за одбрана на Турција денес ги негираше наводите дека турските трупи се повлекле од воените позиции во Северна Сирија во близина на турската граница, јавува Анадолу.
„Наводите со кои се тврди дека Турските вооружени сили (ТСК) се повлекле од некои области на регионот на (операцијата) 'Извор на мирот' не се точни. ТСК ги продолжуваат своите активности во регионот во координација со сириската Влада“, истакнаа извори од Министерството.
Изворите од Министерството, исто така, предупредија против она што го нарекоа намерна дезинформација и ја повикаа јавноста да се потпира само на официјални изјави.
Турција спроведе серија успешни антитерористички операции во Северна Сирија од 2016 година како „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019), со цел да спречи воспоставување терористички коридор и да обезбеди мирно враќање на локалните жители.