Mehmet Emin Gürbüz
19 Септември 2025•Ажурирај: 24 Септември 2025
БОЛУ (АА) - Прекриен со боите на есента, националниот парк „Једиѓолер“ во турската област Болу им нуди на посетителите можност да поминат мирно и спокојно време опкружени со природата, известува Анадолу.
Националниот парк, кој се наоѓа помеѓу метрополите Анкара и Истанбул и на 35 километри од центарот на градот Болу, познат по природната убавина, е исполнет со есенски бои.
Овој национален парк, познат како „Шумско море“ на Болу, 65% покриен со шуми, го доби името од седумте езера што се во негов состав: Бујукѓол, Серинѓол, Деринѓол, Назлиѓол, Ќучукѓол, Инџеѓол и Сазлиѓол.
„Једиѓолер“, каде што доминираат зелените, жолтите и кафеавите тонови, ги води љубителите на природата на патување низ убавината на есента.
Препуштајќи им се на свежината и топлите бои на есента, прекрасниот пејзаж на националниот парк го овековечуваат фотографите.
Во „Једиѓолер“, кој располага и со места за пикник и одмор и платформи за набљудување, посетителите имаат можност да уживаат во прошетките и да се соединат со природата.
Како домаќин на многубројни локални и меѓународни туристи секоја сезона, „Једиѓолер“ ги пречекува сите што сакаат да ја доживеат убавината на есента.
Мехтап Мерве Туркер, која од Болу дошла со друштво, за Агенција Анадолу (АА) изјави дека „Једиѓолер“ е чудо на природата.
Препорачувајќи им на љубителите на природата да го посетат националниот парк „Једиѓолер“, Туркер истакна: „Тоа е место што ви ја смирува душата.“