Zeynep Özbay
25 Март 2019•Ажурирај: 26 Март 2019
АНКАРА (АА) - Новата верзија на „iOS“ апликацијата на Anadolu Agency (AA) која овозможува навремено следење на вестите на АА преку паметните телефони и таблети, го зазеде своето место во „Apple Store“.
Прелистувањето меѓу вестите и категориите и читањето на вестите, стана уште полесно.
Движејќи го вертикално и хоризонтално главниот екран на мобилната апликација, лесно можете да пристапите до целата содржина.
Вестите што ги имате сочувано за да ги читате подоцна, преносите во живо, известувањата и главното мени ви се на дофат.
Оваа апликација, која на своите корисници им овозможува да ги следат актуелните настани во Турција и во светот на 13 јазици, продолжува да биде пионер во оваа насока со актуелните технологии кои ги поседува.