Nilay Kar
01 Ноември 2017•Ажурирај: 02 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 39 осомничени лица поврзани со терористичката организација ФЕТО се приведени денес, за време на антитерористичките операции коишто се спроведуваат во цела Турција, информира полициски извор, јавува Anadolu Agency (AA).
Операциите се спроведени во 17 области, вклучувајќи го и главниот град Анкара и западната област Измир, откако од канцеларијата на јавниот обвинител на Истанбул беа издадени налози за приведување на 111 осомничени лица.
Во Истанбул, операциите беа спроведени како дел од истрагата за раководителите, членовите и вработените во Фондацијата за новинари и писатели, исто така позната како „JWF“, чиј почесен претседател беше лидерот на ФЕТО, Фетула Ѓулен.
Организацијата стои зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули, во кој загинаа 250 лица, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО водеше долгогодишна кампања за соборување на власта преку инфлитрација во турските институции, особена во војската, полицијата и во судството.