İzzet Taskiran
10 Мај 2018•Ажурирај: 11 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Авион на „Turkish Airlines“ (Туркиш Ерлајнс) кој се обраќаше на линијата Скопје-Истанбул, за време на слетувањето на аеродромот Ататурк во Истанбул, удрил во јато птици, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, авионот кој полетал од аеродромот во Скопје, се приближил до пистата за слетување на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул и за време на слетувањето удрил во јато птици, но без проблеми се приземјил, по што бил испратен на контрола.
За време на контролата и чистењето на пистата, два авиони кои требале да слетаат, од превентивен аспект не слетале, продолжувајќи да кружат.
За кусо време, нарушениот воздушен сообраќај е вратен во нормала.