Mücahit Aydemir
07 Февруари 2020•Ажурирај: 11 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Агенција Анадолија, која е на прагот на своето 100-годишно постоење, и која со новостите што ги реализира е пионер во медиумскиот сектор, започна со поткаст-емитување.
Агенција Анадолија своето прво поткаст-емитување го започна со програмата „Анализа“, моментално само на турски јазик, подготвена од страна на својот искусен новинарски кадар, како и од експерти, а наскоро ќе ги започне и другите програми насловени „Денешните случувања во 60 секунди“ и „Агенциски час“.
Поткастите се споделени на апликациите како „Спотифај“ (Spotify), „Апл поткаст“ (Apple Podcasts), „Гугл поткаст“ (Google Podcasts), „Саунд клауд“ (SoundCloud) и „Кастбокс“ (Castbox), а може бесплатно да бидат користени преку паметни телефони и компјутери. На поткаст-емитувањата може да се пристапи и преку делот „Поткаст“ на интернет-страницата на АА.
Поткаст е вид емитување кое содржи аудиоделови на програми или активности подготвени во различни области како едукативни, уметнички и новински програми.
Поткаст-емитувањата може да се слушаат во секое време од страна на корисниците, и може лесно да се симнуваат поради малата големина на датотеките.