Salih Baran
27 Март 2020•Ажурирај: 28 Март 2020
ЕДРЕНЕ
Азилантите коишто еден месец чекаа на границата на Турција со Грција, го напуштија тоа подрачје, јавува Агенција Анадолија (АА).
Азилантите, губејќи надеж дека Грција ќе им ги отвори своите врати, ја известија турската Регионална управа дека сакаат да го напуштат тоа подрачје.
Турските официјални претставници им објаснија на останатите баратели на азил за зголемениот ризик од ширењето на новиот тип коронавирус доколку останат надвор. Тие ги известија надлежните органи дека сакаат да го напуштат тоа подрачје.
Мигрантите се преместени со автобуси, во координација на Кабинетот на гувернерот на Едрене, во привремено сместување.
Откако ќе помине 14-дневниот карантин, ќе бидат преместени на посоодветно место.