Duygu Yener
19 Јануари 2019•Ажурирај: 19 Јануари 2019
АНКАРА (AA) - Министерот за одбрана на Република Турција Хулуси Акар во текот на состанокот со американскиот сенатор Линдзи Грахам укажа на неодржаните ветувања за Мунбиџ и повтори дека Турција нема да дозволи формирање терористички коридор на југот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Република Турција се наведува дека Акар со Грахам се состана во Анкара.
На состанокот е разговарано за Сирија, како и за соработката на Турција и Соединетите Американски Држави (САД).
„Министерот Акар говореше за неодржаните ветувања за Мунбиџ, фактот дека ЈПГ и ПКК се делови од иста целина, борбата на Турција против терористичките организации ПКК/ЈПГ, ДЕАШ и ФЕТО. Акар повтори дека Турција нема да дозволи формирање терористички коридор јужно од нејзината граница и дека двете земји со соработка можат да ги решат претстојните проблеми", се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Република Турција.