Erdinç Aksoy
24 Ноември 2016•Ажурирај: 24 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за енергија и природни ресурси на Турција, Берат Албајрак, изјави дека две лица загинале, а 33 се ранети во утринскиот терористички напад на паркингот пред зградата на Канцеларијата на гувернерот во јужниот турски град Адана, јавува Anadolu Agency (AA).
Според неговите зборови, меѓу ранетите е едно лице во тешка здравствена состојба, а останатите се здобиле со полесни телесни повреди. До експлозијата дошло во осум часот и пет минути, во близина на влезот на зградата.
Како што изјави претходно гувернерот на Адана, Махмут Дмирташ, се претпоставува дека нападот го извршило женско лице.
Потсетуваме дека како последица на експлозијата е нанесена штета на други автомобили, но и на зградата на гувернерот во Адана.
На местото на експлозијата се пратени и голем број на екипи на итна помош и пожарникари.