Muhammet Emin Avundukluoğlu
27 Октомври 2020•Ажурирај: 27 Октомври 2020
АНКАРА
Турскиот пратеник и лидер на партијата денес го критикуваше францускиот претседател поради неговите контроверзни планови за борба против исламскиот сепаратизам и дека ќе продолжат да објавуваат карикатури од божјиот пратеник Мухамед, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лидерот на Партијата за национално движење (МХП), Девлет Бахчели за неговата парламентарна група изјави дека Макрон е неук и дека има силно непријателство кон исламот.
Тој го повика Макрон да се фокусира на вистинските политички прашања на неговата држава.
„Како се осмелува овој политички шизофреник да го преструктуира исламот ... единствената вистинска религија пред Алах до Судниот ден е исламот“, рече тој.
Лидерот на МХП рече дека исламофобијата се зголемува во западните земји на „алармантно ниво“ и ги повика муслиманските нации да покажат единство и солидарност „против тирани и империјалистички заговори“.
„Верската поларизација ќе биде катастрофа за човештвото“, додаде тој.
Макрон предизвика бес кај муслиманскиот свет обвинувајќи ги француските муслимани за „сепаратизам“ и опишувајќи го исламот како „религија во криза“.
Ова се совпадна со убиството на францускиот наставник кој покажуваше карикатури од божјиот пратеник Мухамед на час. Макрон му оддаде почест и деке дека Франција нема да се откаже од објавување на карикатурите.
Турција, Иран и Пакистан како и неколку арапски земји, го осудија ставот на Макрон кон муслиманите и исламот, при што Ердоган во неделата изјави дека на францускиот лидер му е потребно ментално лекување.
Додека повиците за бојкот на француските производи кружат и преку Интернет во многу држави, Ердоган ги повика Турците да не купуваат француски производи.