Merve Berker
27 Октомври 2020•Ажурирај: 28 Октомври 2020
КОЏАЕЛИ / АНКАРА / ТЕКИРДАГ
Турските безбедносни сили приведоа 33 лица кои се сомничат за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во операциите кои се покренати во северозападната област Коџаели, полицијата од одделот за против криумчарење и организиран криминал приведе седум осомничени лица, вклучувајќи отпуштен поручник и шест поранешни воени студенти.
Приведувањата се случија по истовремените операции во Истанбул и Бурса, откако обвинителите во Коџаели издадоа налози за приведување на девет осомничени, како дел од истрагата за инфилтрирање на ФЕТО во жандармериската команда.
Одвоено во главниот турски град Анкара, полицијата која се бори против финансискиот криминал приведе четири осомничени лица од налози за приведување на девет, кои беа обвинети дека ја користеле апликацијата Бајлок, тајниот систем за комуницирање користен од терористите на ФЕТО.
Потрагата по останатите седум осомничени е во тек.
Во меѓувреме, уште 22 осомничени лица на ФЕТО се приведени во истовремени операции низ 14 области од Самсун, град во црноморскиот регион на Турција до јужниот дел на Адана и Баликесир во мармарскиот регион.
Приведувањата се извршени како дел од истрагата покрената од обвинителите во северозападната област Текирдаг, за терористичката организација ФЕТО меѓу чуварите во затворите. Откриено е дека осомничени контактирале со околу 500 чувари преку последователни телфонски разгвори. Полицијата е во потрага по уште двајца осомничени.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.