Ali Murat Alhas
26 Октомври 2019•Ажурирај: 27 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Лидерот на турската Партија за национално движење (MHP), Девлет Бахчели, денес ги критикуваше американските пофалби упатени кон водачот на терористичка организација која Турција ја има за цел во својата антитерористичка операција во северна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Срамно е, незаконско и презирливо е што сојузничка земја [САД] покажува наклоност и цени еден убиец [Ферхат Абди Шахин], кој се бара [преку Интерпол] со црвена потерница“, истакна Бахчели во седиштето на партијата во Анкара.
Бахчели се осврна на пофалбите од страна на Соединетите Американски Држави (САД) кон терористот Ферхат Абди Шахин, попознат како Мазлум Кобани, водач на ЈПГ/ПКК, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК.
Претходно неделава, американските сенатори Линдзи Грем и Крис ван Холен го повикаа Стејт департментот да му издаде виза на Шахин за негова посета на Вашингтон.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, на Твитер пишуваше со пофалби за Шахин, а во еден од твитовите вели: „Со задоволство очекувам да ве видам.“
Овој став беше критикуван од високи турски официјални лица, кои нагласија дека Шахин е терорист кој се бара со црвена потерница, и според тоа треба да се постапува согласно договорите на Анкара со Вашингтон.
Според насоките на претседателот Реџеп Таип Ердоган, турскиот министер за правда, Абдулхамит Ѓул, вчера истакна дека Турција ќе стапи во контакт со американските официјални претставници за екстрадиција на терористот, доколку тој стапне на американско тло.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.