Sarp Özer
12 Март 2017•Ажурирај: 13 Март 2017
АНКАРА (АА) – Турскиот минстер за правда, Бекир Боздаг, ставот на холандската влада кон министрите го опиша како „уривање на вредностите на Европската Унија (ЕУ), уривање на европската цивилизација“, и рече: „Денес тие кои применуваат нацистичка и фашистичка пракса во Холандија, како и тие кои молчат за овој случај, доколку продолжат на ваков начин, тогаш не ќе можат да зборуваат ни во иднина“, јавува Anadolu Agency (AA)
Боздаг преку својот Твитер профил реагираше против ставот на холандската влада кон турските министри.
Министерот Боздаг овој став на холандската влада го опиша како убивање на демократијата, прекршување на владеењето на правото и спречување на слободата на движење, и го истакна следното:
„Овој гест на холандската власт е прекршување на правото на собирање, претставува елиминирање на слободата на изразување и закопување на човековите права. Гестот на холандската власт е примитивен начин на прекршување на дипломатската љубезност. Овој гест исто така претставува чин на расизам, дискриминација, исламофобија и ксенофобија. Ставот кој го зазеде холандската власт е поддржување на радикализмот, оживување на нацизмот и фашизмот. Нивниот став претставува укинување на вредностите на Европската Унија, и е пропаст на европската цивилизација. ЕУ, Советот на Европа, организациите за човековите права и предавачите за демократија, молчат пред овој примитивен акт на нацистичка и фашистичка пракса. Тие не се искрени, туку се однесуваат дволично во врска со демократијата, човековите права и владеењето на правото. Велиме да бидете праведни, објективни, јасни и еднакви кон сите. Денес, оние кои молчат пред нацистичкиот и фашистичкиот акт во Холандија, доколку продолжат така, во блиска иднина нема да можат да говорат ниту за себеси“.