Sinan Uslu
03 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
АНКАРА (АA) - Вицепремиерот и портпарол на Владата на Република Турција, Бекир Боздаг, во врска со протестите во Иран изјави дека Турција се противи на секаква вонуставна промена или преземање на власта, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција е против какво било преземање или промена на власта, ако тоа се прави преку надворешна интервенција, со употреба на сила, или на кој било друг начин што е во спротивност со уставот и е надвор од правниот пат предвиден со законот“, порача вицепремиерот Боздаг.