Selma Kasap
17 Јули 2016•Ажурирај: 18 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (AA) – Министерот за правда на Република Турција Бекир Боздаг изјави дека во рамките на истрагата за обид на државен удар кој во петок го изведе помала група на војници лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ до сега се приведени околу 6.000 осомничени, јавува Anadolu Agency (AA).
Претходно турската влада соопшти дека меѓу приведените се наоѓаат околу 3.000 војници и 2.750 судии поврзани со терористичката организација која ја води Фетулах Ѓулен.
„Правосудниот процес ширум земјата ќе биде продолжен. Ова ќе биде најголем процес од тој вид во историјата на Турција", рече министерот за правда Боздаг и додаде дека одговорните за обид на државен удат ќе ја платат цената за тоа", рече министерот Боздаг. Турската влада соопшти дека зад обидот на државниот удат стои терористичката организација ФЕТО/ПДЈ која ја води Фетулах Ѓулен кој престојува во Соединетите Американски Држави (САД). Станува збор за организација позната под името "паралелна структура", бидејќи со инфилтрирање на членови во сите државни институции во Турција со години работеше на рушење на турската власт.
Боздаг во таа прилика го повтори повикот до властите на САД да го испорачаат Ѓулен на Турција, а истото претходно го направи и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Пружањето на заштита на Ѓулен би ја загросило позицијата и репутацијата на САД на меѓународен план.Се надевам дека САД нема да застане зад човекот кој ова и го направи на Турција", рече Боздаг.