Sorwar Alam
20 Август 2017•Ажурирај: 21 Август 2017
АНКАРА (АA) - Програмата за патувања со популарни туристички дестинации и историски атракции од Турција ќе биде емитувана на американска телевизиска мрежа во текот на следните три години, објави денес турското Министерство за туризам, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на министерството, познатиот британски актер Лари Ламб и неговиот син Џорџ Ламб, познат радио водител, ќе ги промовираат турските туристички атракции во програмата од шест епизоди со наслов „Турција: од А до Б“ на „Travel Channel“ (Травел канал).
Во соопштението се вели дека десетчлениот тим го завршило снимањето за 24 дена, и се додава дека програмата ќе содржи популарни туристички дестинации, вклучувајќи историски и културни локации во Истанбул, античкиот град Ефес во Измир, базените на Клеопатра во Памуккале, античкиот град Фаселис во Анталија, возењето со балон на топол воздух во Кападокија и Цитаделата во Анкара.
Програмата, која се очекува дополнително да го зајакне турскиот туристички сектор, ќе биде достапна за гледање во Обединетото Кралство, Блискиот Исток, Европа и Африка, како дел од договорот помеѓу Министерството и „Travel Channel“, кој има 61,4 милиони претплатници и емитува програми на 22 различни јазици во 74 земји, додаде министерството.
Во соопштението не е наведено кога ќе се емитува првата епизода.
Турција останува една од најпопуларните туристички дестинации во светот, а приходот од туризмот игра важна улога во нејзината економија.