Salih Baran,Hakan Mehmet Şahin
04 Јули 2021•Ажурирај: 05 Јули 2021
ЕДРЕНЕ (АА) - Турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, изјави дека водечките показатели укажуваат на многу поголем раст во Турција во вториот квартал од 2021 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Варанк присуствуваше на церемонијата за отворање на Етнографскиот музеј во градот Едрене, Турција, и во таа пригода истакна дека е горд поради големиот број нови инвестиции и новите проекти што се спроведуваат низ цела Турција.
Додаде дека по ублажувањето на епидемиолошките мерки, во последните неколку недели се отворени неколку големи проекти.
„Станува збор за важни проекти во областа на индустријата, технологијата, енергијата, образованието, здравството и туризмот во многу наши градови“, рече Варанк.
Потсети дека пандемијата на Ковид-19 силно го разнишала економскиот систем во светот.
„Сепак, Турција, под водство на нашиот претседател, спроведе ефективни политики, воспоставувајќи добра рамнотежа помеѓу здравството и економијата. Благодарение на тоа, турската економија успеа да расте дури и во годината на пандемијата, додека глобалната економија се соочи со сериозни проблеми. Ако го погледнеме првиот квартал од 2021 година, гледаме многу сериозни перформанси на раст од седум отсто. Првите индикатори укажуваат на многу поголем раст во вториот квартал од 2021 година“, рече Варанк.