Osman Öksüz
05 Февруари 2019•Ажурирај: 06 Февруари 2019
МАРДИН (АА) - Во југоисточниот дел на Турција, во подрачјето на Мардинската Низина, јато обични сколовранци (Sturnus vulgaris) со својата игра на небото создадоа вистинско визуелно шоу, пишува Anadolu Agency (AA).
Во утринските часови, илјадници обични сколовранци се собраа на полињата посеани со пченица во Мардинската Низина. Истовременото полетување на илјадниците птици, на небото создаде прекрасна глетка која ги фасцинираше набљудувачите.
Со интерес беа проследени формите што ги создаваа птиците во лет, повременото одвојување од јатото и повторното соединување, нивното слетување на житните полиња и повторното издигнување на небото.
Љубителите на фотографијата кои беа сведоци на овој визуелен празник, со фотоапаратите го овековечија тој момент.