Gözde Bayar
01 Септември 2020•Ажурирај: 02 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили започнаа нова антитерористичка операција на југоисточниот дел на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека операцијата „Јилдирим-8 Савур“ е започната на периферијата на областа Мардин со цел потполна елиминација на сепаратистичката и терористичка организација ПКК.
Во операцијата се ангажирани 1.831 припадник на жандармеријата, специјалните полициски единици и безбедносната гарда.
Станува збор за своевидно продолжување на операцијата „Јилдирим-7“ која во тој дел на Турција е започната на 26 август.
Турските сили досега на тоа подрачје неутрализираа најмалку 38 терористи, уништија 63 терористички засолништа и запленија или уништија поголема количина на оружје и муниција.
„Антитерористичката борба во Турција продолжува со иста одлучност и поддршка на турската јавност“, се наведува во соопштението на Министерството.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.