Süleyman Elçin,Durmuş Genç
03 Јануари 2020•Ажурирај: 04 Јануари 2020
МУГЛА
Најмалку 8 мигранти починаа при тонење на чамец во југозападниот дел на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бродоломот се случил недалеку од крајбрежниот град Фетије, а во чамецот се наоѓале 15 нерегуларни мигранти.
На местото на несреќата по пријавата пристигнале екипи на турската Крајбрежна стража.
Спасувачките екипи од водата ги извлекоа телата на 8-темина починати, меѓу кои имаше и 3 жени.
Нуркачките и хеликоптерските екипи на турската Крајбрежна стража помагаат во потрагата по најмалку 7 исчезнати мигранти.