Merve Yıldızalp
23 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Загина уште еден припадник на турските вооружени сили во операцијата „Маслинова гранка“ која има за цел за ослободување на сириското погранично подрачје на Африн од терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили соопштија дека еден војник загинал во судирите кои турските сили ги водат против терористите на ПЈД/ПКК и ДЕАШ во северозападна Сирија.
И вчера во судирите во Африн загина еден турски војник, а станува збор за операција што турските вооружени сили ја започнаа во саботата.
Турските сили во саботата ја започнаа операцијата „Маслинова гранка“ во Африн, северозападна Сирија, со цел воспоставување безбедност во пограничното подрачје, неутрализирање на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, ослободување на територијата која под окупација ја држат терористите и спас на населението од тоа подрачје.
Операцијата во Африн е започната во рамките на правото на Турција коешто е засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот, 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Терористите на ПЈД/ПКК моментно под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8 000 и 10 000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК која е на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. Од средината на 1980-тите години, ПКК води терористичка кампања против Турција.